
Сертификација на Персонал (Лица)
Сертификација на лица според барањата на стандардот EN ISO/IEC 17024:2012.
Сертификација на Персонал (Лица)
Сертификацијата на лица се изведува според барањата на стандардот EN ISO/IEC 17024:2012 од страна на „Тело за овластување на лица“ на TÜV NORD BG, признато од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“ со Сертификат за акредитација № 4OSL / 11.07.2017 година. Нашите специјалисти исто така вршат сертификација под Германски акредитација на DAKkS.
Овластеното Нотификационо тело на TÜV NORD BG одобрува персонал за производство и поправка на не-одвојливи споеви во согласност со Уредбата за основните барања и проценка на сообразноста на опремата под притисок и Директивата 2014/68 ЕУ.
Заварувачите и операторите на метални и термопластични материјали се сертифицираат според
- EN ISO 9606 делови 1, 2, 3, 4,
- AD 2000 HP3,
- EN ISO 14732,
- EN ISO 15620,
- EN 13067,
- како и заварување според EN ISO 13585.
По писмено барање до office@t-cert.mk даваме информации за издадени сертификати, нивната валидност и обем.
Останати услуги во доменот на сертификација на персонал се следните: Сертификација на персонал според SCC – Safety Certificate Contractors, Тестирање на заварувачи во согласност со EN 287 и EN 1418 за заварување на челици и алуминиумски легури, Како и за EN 13067 за заварување на пластика.
Приговори и поплаки во врска со овластување или злоупотреба на сертификат се упатуваат на office@t-cert.mk.
Опфатени стандарди и шеми
SCC
Safety Certificate Contractors
EN 287
Тестирање заварувачи — челик
EN 1418
Тестирање заварувачи — алуминиумски легури
Побарајте понуда за сертификација
Опишете ги вашите потреби и ќе ве контактираме со понуда прилагодена на вашата организација.
