
CQI & IRCA ISO 9001:2015, Lead Auditor Training Course
T-CERT SYSTEM во сорабокта со TÜV NORD BG, ве поканува на 5-дневна On-Line Акредитирана обука за CQI & IRCA Водечи Аудитори за ISO 9001:2015 – систем за управување со квалитетот.
CQI & IRCA Certified Training Course No.18034 provided by TÜV NORD
Целта на оваа обука е да обезбеди практични знаења и вештини потребни за успешно спроведување на екстерни аудити во согласност со барањата на меѓународниот стандард.
Обуката комбинира теоретски и практичен дел, со вежби, студии на случај, дискусии и реални примери од пракса.
По успешно завршување на курсот и писменото испитување, учесниците добиваат Акредитиран Сертификат за CQI & IRCA Lead Auditor за ISO 9001:2015 од TÜV NORD – меѓународно признат и високо ценет доказ за вашата компетентност.
Овој сертификат отвора можности за професионален напредок и ангажмани во областа на управување со квалитетот и основа за надградување во понасочени ISO Стандарди.
- За лица кои сакаат да станат Водечки Аудитори (CQI & IRCA Lead Auditor) за ISO 9001:2015:
- За менаџери и координатори за квалитет
- За аудитори, консултанти и експерти во областа управување со квалитетот
- За претставници на менаџментот и членови на тимови во рамки на своите организации
- За сите кои се вклучени во имплементација, следење и подобрување на системите за управување со квалитетот
- Датуми: 30.03-03.04.2026
- Формат: Online (во живо)
- Овластен IRCA Tutor: Васил Миновски со 30 годишно искуство во областа
- Јазик на обуката: македонски и англиски
- Цена: 590 EUR + ДДВ
За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.
Пријавувањето е на следниот линк: IRCA_ISO-9001_250117. Ве молиме пополнете го овој документ и заверен пратете ни го на нашиот е-маил: office@t-cert.mk
Продолжете со читање
Слични написи
22 сеп. 2026 г.НОВА ОБУКА за НОВИТЕ ВЕРЗИИ ISO 9001 & ISO 14001 & ISO 19011 за Интерни Аудитори на 21-22.10.2026Прочитај повеќе
17 сеп. 2026 г.Новиот ISO 9001:2026 официјално е објавенПрочитај повеќе
4 сеп. 2026 г.ОБУКА за НОВИТЕ ВЕРЗИИ ISO 9001:2026, ISO 14001:2026, ISO 19011:2026 & ISO 45001 за Интерни Аудитори на 17-18.09.2026Прочитај повеќе
