Оди на содржината
T-cert Linkedin posts 2026-10-GGAP
2 мин читање

Обука за Барањата на стандардите GlobalG.A.P & GRASP на 27.05.2026

Обука за барањата и примената на Добрите Земјоделски Практики и Општествената Одговорност според барањата на GlobalG.A.P. + GRASP, на 27.05.2026

T-CERT SYSTEM во соработка со TÜV NORD, ве поканува на on-line обука за Барањата и Примената на Добрите Земјоделски Практики и Општествената Одговорност според барањата на меѓународните стандарди GlobalG.A.P. + GRASP.

Целта на обуката за GLOBAL G.A.P. + GRASP е учесниците да се запознаат со барањата, принципите и практичната примена на стандардите за добра земјоделска практика, безбедност на храната, следливост, одржливо производство и социјална одговорност. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.

Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD.

Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

За кого е наменета оваа обука?

  • Земјоделски производители
  • Фарми и агро компании
  • Производители на овошје и зеленчук
  • Одговорни лица за квалитет и безбедност на храна
  • Агрономи и технички лица
  • Консултанти за стандарди и за сертификација
  • Лица задолжени за пласман и извоз на странски пазари
  • Сите оние кои сакаат да го воведат и одржуваат GlobalG.A.P. + GRASP Системот

Датуми на обуката и предавач:

27.05.2026 година, преку on-line преку MS TEAMS платформа.

Предавач на обуката ќе биде Г-дин Цветко Јовев (Auditor/Inspector на TÜV NORD) кој има 20 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач во областа.

Пријавување и услови:

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.

  • За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.

Доколку сакате да се пријавите на оваа обука и да дознате цена, Ве молиме контактирајте не на +389 2 3221 603 или пишете ни на е-маил дека сте заинтересирани за оваа обука: office@t-cert.mk.