Оди на содржината
1 мин читање

IFS Food v8 & HACCP – Обука за Интерни Аудитори

T-CERT SYSTEM, ве поканува на on-line обука за Интерни Аудитори за IFS Food v8 & HACCP Codex Alimentarius, Системи за управување со безбедноста на храната.

Целта на оваа обука е да обезбеди знаења и вештини потребни за спроведување на интерни аудити на системот за управување со безбедноста на храната во согласност со барањата на меѓународните стандард IFS Food v8 & HACCP Codex Alimentarius. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.

Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD. Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

За кого е наменета оваа обука?

• На лица кои сакаат да станат Интерни Аудитори за IFS Food v8 & HACCP Codex Alimentarius

• Менаџери за безбедност на храна,

• Аудитори за безбедност на храна,

• Консултанти

• Експерти од областа на безбедноста на храна со искуство во имплементација на системи за управување и аудити

• На претставници на менаџментот, менаџери и членови на тимот одговорни за воспоставување, спроведување, одржување, следење и подобрување на системот за управување со безбедноста на храна.

Датуми на обуката и предавач:

11-12.11.2025 година, on-line.

Пријавување:

За пријавување и дополнителни информации како и цената на обуката, контактирајте не на тел: +389 2 3221 603 или на office@t-cert.mk