Оди на содржината
2 мин читање

IFS Food v8 – Обука за Интерни Аудитори

T-CERT SYSTEM, ве поканува на on-line обука за Интерни Аудитори за IFS v8, Систем за управување со безбедноста на храната.

Целта на овој курс е да обезбеди знаења и вештини потребни за спроведување на интерни аудити на системот за управување со безбедноста на храната во согласност со барањата на меѓународниот стандард IFS v8. Покрај теоретскиот дел, во текот на оваа обука посебен акцент е ставен на стекнување знаења и вештини преку дискусии, вежби, работилници и студии на случај.

Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD . Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.

За кого е наменета оваа обука?

• На лица кои сакаат да станат Интерни Аудитори за IFS v8

• Менаџери за безбедност на храна,

• Аудитори за безбедност на храна,

• Консултанти

• Експерти од областа на безбедноста на храна со искуство во имплементација на системи за управување и аудити

• На претставници на менаџментот, менаџери и членови на тимот одговорни за воспоставување, спроведување, одржување, следење и подобрување на системот за управување со безбедноста на храна.

Датуми на обуката и предавач:

26-27.03.2025 година, преку on-line преку Google Meet платформа.

Предавач на обуката ќе биде Г-дин Васил Миновски (Senior Auditor на TÜV NORD) кој има 25 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите.

Пријавување и цена:

За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката котизација во износ од:

• 9.800 МКД + ДДВ од 18% за IFS v8 (дводневен семинар), по учесник.

• За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.

Доколку сакате да се пријавите на оваа обука, Ве молиме симнете контактирајте не на +389 2 3221 603 или пишете ни на е-маил дека сте заинтересирани за оваа обука: office@t-cert.mk.