
ISO/IEC 42001:2023 Обука за Интерни Аудитори за Вештачка Интелигенција на 21-22.05.2026
Обука за Интерни Аудитори за Системи за управување со Вештачката Интелигенција, според барањата на меѓународните стандарди ISO/IEC 42001:2023 (Artificial Intelligence Management System), на 19-20.05.2026
T-CERT SYSTEM, ве поканува на on-line обука за Интерни Аудитори за Системи за управување со Вештачката Интелигенција, според барањата на меѓународните стандарди ISO/IEC 42001:2023 (Artificial Intelligence Management System).
Целта на обуката е учесниците да стекнат практични и теоретски знаења за барањата на стандардот ISO/IEC 42001:2023 (AI Management System), како и компетенции за планирање, спроведување, известување и следење на интерни аудити во организација која користи, развива или управува со системи базирани на вештачка интелигенција.
Обуката овозможува разбирање на принципите на управување со ризици, етичка употреба на AI, усогласеност со законски и регулаторни барања, транспарентност, безбедност на податоци и континуирано подобрување на AI системите.
По завршување на обуката, учесниците ќе бидат подготвени самостојно да вршат интерни аудити согласно барањата на стандардот и насоките од ISO 19011:2018.
Учесниците кои успешно ги исполнуваат критериумите за континуирано оценување на знаењето и писмено испитување во текот на курсот ќе добијат сертификат за интерен аудитор од TÜV NORD.
Сертификатите на TÜV NORD се меѓународно признати од сите меѓународни организации и како такви може да послужат како основа за понатамошно усовршување во соодветното подрачје.
За кого е наменета оваа обука?
- Интерни аудитори
- QA / Compliance менаџери
- IT менаџери и IT auditors
- AI / Data / Digital transformation тимови
- Risk managers
- Consultants
- Лица задолжени за усогласеност и governance
- Организации кои развиваат или користат AI решенија
- Сите кои сакаат да стекнат знаење за управување и аудитирање на AI системи
Датуми и предавач:
21-22.05.2026 година, преку on-line преку MS TEAMS платформа.
Предавач на обуката ќе биде Г-дин Димитар Јотов (Auditor на TÜV NORD) кој има 10 години специјалистичко и практично работно искуство како Водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите.
Јазик на обуката и на материјалите: англиски
Пријавување и услови:
За реализација оваа обука неопходно е да се пријавите во канцеларијата на T-CERT SYSTEM Macedonia и да се најавите за учество за обуката најдоцна 10 дена пред одржувањето, како и да уплатите најдоцна 5 дена пред почетокот на обуката.
- За секој нареден учесник од иста компанија/организација, следува попуст од 10%.
Доколку сакате да се пријавите на оваа обука и да дознате цена, Ве молиме контактирајте не на +389 2 3221 603 или пишете ни на е-маил дека сте заинтересирани за оваа обука: office@t-cert.mk.
Продолжете со читање
Слични написи
22 сеп. 2026 г.НОВА ОБУКА за НОВИТЕ ВЕРЗИИ ISO 9001 & ISO 14001 & ISO 19011 за Интерни Аудитори на 21-22.10.2026Прочитај повеќе
17 сеп. 2026 г.Новиот ISO 9001:2026 официјално е објавенПрочитај повеќе
4 сеп. 2026 г.ОБУКА за НОВИТЕ ВЕРЗИИ ISO 9001:2026, ISO 14001:2026, ISO 19011:2026 & ISO 45001 за Интерни Аудитори на 17-18.09.2026Прочитај повеќе
