Оди на содржината

За TÜV NORD BG

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје е овластен деловен партнер на TÜV NORD Bulgaria за С. Македонија. Соработката започна во 2015 година.

Партнерството

Соработка со TÜV NORD

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје е деловен партнер на TÜV NORD Bulgaria која е во 100% сопственост на TÜV NORD од Германија која претставува една од најзначајните компании во светот во областа на сертификација на системи, сертификација на производи, техничка инспекција и надзор, информатичка технологија, прехрамбен сектор и низа други дејности.

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје е основана во 2010, а соработката со TÜV NORD ја отпочнува во 2015 година.

Т-ЦЕРТ СИСТЕМ со своето делување ја опфаќа територијата на С. Македонија. Седиштето на компанијата е во Скопје, но се стремиме да опфатиме што е можно повеќе подрачја, како би биле што е можно поблиску до корисниците на нашите услуги и како и што побрзи во реализацијата на услугите

Во соработка со TÜV NORD BG, нашата компанија нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD BG и од целата групација на TÜV NORD, главно со наши експерти со сите овластувања на TÜV NORD BG. Се разбира, целокупната инфраструктура TÜV NORD BG и целата групација е достапна во секое време, така што во реализацијата се задржува високото ниво на квалитет на услугата дефинирано на ниво на групација.

Групацијата TÜV NORD вработува повеќе од 15.000 вработени, а 2/3 од вработените се високо образовани експерти во различни области, со годишен приход од преку 1,8 милијарди EUR.

Групацијата TÜV NORD има присуство во повеќе од 100 земји од целиот свет, така што слободно можеме да кажеме дека Ви стоиме на располагање насекаде во светот каде што ќе Ве доведат Вашите деловни активности.

Групацијата TÜV NORD

вработени во групацијата
15.000+
годишен приход, преку
1,8 млрд. EUR
земји со присуство
100+

Знакот на TÜV е влезница за светскиот пазар!

t-cert.mk

Клучни факти

  • Континуираното зголемување на бројот на вработените, видовите услуги што ги нудиме како и реализацијата, е доказ дека бројни компании го признале нашиот квалитет.

  • Со својот широк спектар на услуги, препознатливоста на пазарот, поседување на потребните акредитации и овластувања, постојано присуство и работа на пазарот, извршени работи и нови договори, изразената комуникативност и компетентност на персоналот, создаде сигурна основа за подобрување на работата на Т-ЦЕРТ СИСТЕМ во С. Македонија и сите нејзини клиенти кои го имаат препознанено тоа до сега!

  • Нашите вработени и надворешни соработници се високообразовани експерти од различни подрачја, кои поседуваат суштинско знаење што претставува дополнителна вредност за нашите клиенти во постојано унапредување на квалитетот на работењето. Со нашите сертификати ќе бидете признати како компанија во која квалитетот на производите и услугите е на прво место.

  • Значајно е да напоменеме дека Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ Скопје како деловен партнер на TÜV NORD Bulgaria не спроведува консултантски услуги за имплементација на системите, туку само спроведува аудити/проверки.

  • Се надеваме дека во иднина ќе ја оправдаме угледот и традицијата и дека и на овој простор, повеќе компании ќе ја видат предноста да бидат вклучени во големо семејство на компании со препознатлива ознака за квалитет .

  • Во Вас гледаме наш иден партнер и сме подготвени да ги понудиме нашите услуги, на начин што во соработка со TÜV NORD Bulgaria ќе ги препознаете придобивките што може да се постигнат со взаемното задоволство на бизнисот.

Регионален опфат

Југоисточна Европа и пошироко

TÜV NORD во регионот на Југоисточна Европа – Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Грција и пошироко е една од водечките сертификациски те тела со преку 10.000 сертифицирани компании од различни области на работење и речиси 5.000 сертифицирани системи за управување според барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001, ISO 50001, ISO 45001, SCC, IRIS, ISO 22000, FSSC 22000, IFS, BRC, GlobalGAP, GMP, FAMI QS, ISO 27001, ISO 20000, ISO 22301, FSC CoC, BSCI, SMETA, PEFC, EN Plus, ISO/TS 29001, ISO/TS 16949, EN 1090, ISO 3834, ISO 15085, итн; т.е. компанија која е препознаена по највисокото ниво на стручност и професионалност во областа на сертификација на системи, сертификација на производи, техничка инспекција и најразлични технички испитувања.

  • Македонија
  • Бугарија
  • Албанија
  • Косово
  • Босна и Херцеговина
  • Србија
  • Хрватска
  • Словенија
  • Грција

Портфолио на стандарди

Сертификациски шеми

  • ISO 9001
  • ISO 14001
  • ISO 50001
  • ISO 45001
  • SCC
  • IRIS
  • ISO 22000
  • FSSC 22000
  • IFS
  • BRC
  • GlobalGAP
  • GMP
  • FAMI QS
  • ISO 27001
  • ISO 20000
  • ISO 22301
  • FSC CoC
  • BSCI
  • SMETA
  • PEFC
  • EN Plus
  • ISO/TS 29001
  • ISO/TS 16949
  • EN 1090
  • ISO 3834
  • ISO 15085

Носител на акредитациите

TÜV NORD Bulgaria поседува повеќе и меѓународни акредитации за ISO Стандардите.

Акредитации

Побарајте понуда за сертификација

Опишете ги вашите потреби и ќе ве контактираме со понуда прилагодена на вашата организација.